Поплави во Лондон, поради надојдената вода затворени осум метро станици | ВИДЕО
Пороен дожд и грмотевици го погодија Лондон и предизвикаа поплави во делови на главниот град на Велика Британија, поради што беа затворени осум метро станици, а две болници побараа од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри.
Поплавените болници „Випс Крос“ и „Њухем“ вчера побараа од пациентите да одат во други болници, доколку е можно, се додека не ги решат „оперативните проблеми“ предизвикани од поплавата.
Пожарникарите соопштија дека добиле околу 300 повици, главно од населени места каде се поплавени подруми, јави Би-Би-Си.
Голем број улици во главниот град се затворени, вклучувајќи ги тунелот Блеквол, А12 и делови од северната обиколница. Голем метеж беше создаден на другите правци во градот, а осум метро станици беа затворени.
Предупредување за можна бура и грмотевици е во сила за поголемиот дел од југоистокот на Англија, а во некои области најавија метеоролозите 75 до 100 милиметри дожд.
Локалните власти советуваа да не се патува додека не помине невремето.
Ново на Сител
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре
-
До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни
-
Излезност до 11 часот во Тетово, 7,04 отсто за претседателски, за парламентарни 10,81
-
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
-
Прегазена жена на регионалниот пат Струмица - Валандово
-
Излезноста до 11 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69
-
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија