-->
-->
Попоски оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон
-->

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со делегација на Атлантскиот совет од Вашингтон.
Делегацијата, како што соопшти МНР, е во посета на земјите од регионот со цел развивање на стратегија за решавање на заедничките предизвици кои ја отежнуваат евроатлантската интеграција и севкупниот просперитет.
- САД може да бидат многу корисни за стабилноста во регионот. Македонија цели кон обезбедување на предвидливост и економски напредок за своите граѓани. На тој пат, секако од помош ќе биде членството во НАТО и ЕУ, како и развивањето на добри односи со соседите. Првото зависи во голема мера и од политиките на САД, додека за второто мора сами да се погрижиме во регионот, истакна министерот Попоски.
Извршниот директор на американскиот Атлантски совет, Дејмон Вилсон ја потврдил поддршката за реафирмирање на македонските интереси пред новата американска администрација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
