-->
-->
Поради фалсификат Вотфорд ќе губи бодови?!
-->
Членот на англиската Премиерлига, Ватфорд, се наоѓа под истрага, бидејќи како што пренесува The Telegraph, постои сомнеж дека клубот го фалсификувал финансискиот статус.
Telegraph тврди дека поседува докази оти клубот пред сезоната 2014/2015 кога Вотфорд го презел Џино Поцо, доставил лажен финансиски извештај за да може да добие кредит од седум милиони фунти.
Вотофорд минататат сезона успеа да избори опстанок во Премиерлигата, а доколку обвинувањата бидат потврдени, тогаш клубот може да биде казнет со одземање бодови.
Според истиот извор, фалсификуваните документи покажуваат дека холдинг компанијата која е сопственик на Вотофорд (Hornets Investmend Ltd) имала доволно средства за да ја добие споменатата банкарска гаранција, која потоа ѝ овозможила да ја преземе контролата врз клубот.
Весникот истакнува дека не постојат индиции дека Поцо знаел дека вакво писмо постои или дека тој е автор на писмото.
Вотфорд во моментов се наоѓа на девттото место во Премиерлигата со 12 освоени бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица