Поради физички напади вчера приведени четворица во Тетово
Пет луѓе се приведени во текот на изминатото деноноќие во Тетово, од кои четири се поради физички напади, а еден поради откриена дрога. Две лица од четири приведени за физички напади се поради тоа што го направиле врз член од семејството.
-Вчера во 16 часот и 50 минути, 17-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека половина час пред тоа во нивниот дом физички ја нападнал нејзиниот 41-годишен татко кој нешто подоцна лишен е од слобода, а случајот целосно е расчистен и против него ќе следува поднесок. Во 21 часот и 50 минути, приведен е 34-годишниот од тетовски Пирок, кој физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга. Мажот е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Исто така, вчера во 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А на 33 години од тетовско Боговиње, кој околу 17 часот физички го нападнал неговиот соселанец Љ.З. Во нападот, според пријавеното, М.А. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.
Околу 23 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.А., затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот на А.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија