Поради климатските промени за сто години никој нема да се капе во Италија и Шпанија

За сто години, никој повеќе нема да се капе во Италија и Шпанија, туку туристите масовно ќе одат на Балтичко Море, во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.
Како последица на климатските промени, ваквата судбина ќе ја снајдат не само овие две земји, туку и цел медитерански регион, предупредуваат тие, додавајќи дека туристите се повеќе за својот одмор ќе избираат летувалишта во земји од северна Европа.
Во студијата на Салвадор Бариос и Хуан Николас Ибањез за влијанието на климатските промни на европскиот туризам, се истакнува дека од 2100 година порастот на температурите во европските земји од Медитеранот, посебно во Италија и Шпанија, ќе ги избрка туристите од плажите за време на летото.
Сите убави места на северот на континентот, кои денес се сметаат премногу студени, како што се бреговите на балтичките земји, би можеле да доживеат силен развој на приморскиот летен туризам, наведуваат тие, пишува „Кориере дела сера“.
Шпанските истражувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите од Медитеранот ќе почне да се намалува за 0,45 отсто годишно, додека во земјите од северна Европа ќе расте по стапка од 0,32 отсто годишно.
Ново на Сител
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
-

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран
-

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување
-

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-

Ученици од земјава ќе учествуваат на Олимпијада за роботски спортови на грчкиот остров Крит
-

Премиерот Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
