-->
-->
Поради малиот број на пациенти затворена Модуларната болница во Велес
-->
Модуларната болница која е во кругот на велешката Општа болница од денес е затворена поради намалениот број на хоспитализирани пациенти.
Како што информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова понатаму сите пациенти на кои им е потрeбно болничко лекување, а се Ковид позитивни ќе се хоспитализираат во Ковид центарот на Инфективно одделение. Инаку Модуларната болница со капацитет од 47 кревети профунционира на крајот на февруари годинава.
Денеска вкупно се хоспитализирани 14 пациенти, од кои тројца се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се шест пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
