Поради најавените високи температури за викендот, се отвораат организираните плажи во Грција
Врз основа на метеоролошките предвидувања, епидемиолошките податоци, но и препораката на надлежната комисија на епидемиолози, одлучено е од сабота 16 мај, да се отворат 515-те организирани плажи во земјата, соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција.
Плажите ќе работата под одредени правила и прописи, меѓу кои регистрирање на бројот на посетители; 40 лица на 1.000 метри квадратни; четири метри растојание меѓу чадорите; по две лежалки на секој чадор; растојание од еден и пол метар меѓу лежалките од различни чадори.
Исто така, забранета ќе биде продажбата на алкохолни пијалици, а ќе работат по принципот take away.
На вработените им се препорачува да носат маска, а ќе бидат обврзани да ги дезинфицираат лежалките по секој посетител.
Во Грција се регистрирани вкупно 2.760 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 155 лица.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори