Поради нови одрони повторно влошени условите во сообраќајот на патниот правец Делчево-Македонска Каменица
– Поради нови одрони повторно влошени условите во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кој е дел од магистралата А3. Во моментот како што информираа од подружницата на „Македонија Пат”, одрони има на потегот од село Илиово до село Очипала.
-Иако екипи од утрово константно работат на расчистување на одроните, сепак поради обилните врнежи од дожд појавата е зачестена долж овој патен правец. Учесниците во соообраќајот од утрово генерално ги почитуваат препораките за претпазливо возење, заради што за среќа немаме пријавено оштетени возила од одроните, информираа од „Македонија Пат”.

Сообраќајот по овој патен правец и понатаму како што додадоа се одвива по влажни коловози.
-Апелираме и понатаму да се почитува сообраќајната сигназлиација и во близина на критичните точки на магистралата А3. Воедно претпазливост е потребна и на делниците Берово – Виница и Делчево – Пехчево – Берово, додадоа од „Македонија Пат”.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
