Поради птичјиот грип Бугарија ќе уништи уште 130.000 птици
Високо патогениот вирус на птичјиот грип од типот Х5Н8 досега е регистиран на 55 живинарски фарми во Бугарија, поради што во текот на денов ќе бидат уништени уште 130.000 домашни птици, соопшти денеска бугарската мнистерка за земјоделство Десислава Танева.
Со ова, како што јавија бугарските медиуми, вкупниот број на уништени птици во Бугарија од појавата на птичјиот грип кон средината на минатиот месец, ќе се зголеми на околу 430.000.
Според податоците на бугарските власти, од болеста најтешко е погоден реонот на Пловдив, каде се уништени и најголемиот број птици, пред се патки.
- Во Бугарија во изминативе години птичјиот грип главно ги погодуваше дивите птици. Ова е првпат да имаме волкава епидемија на живинарските фарми, изјави Танева.
Во рамки на мерките за спречување на ширењето на болеста, властите воведоа карантин околу фармите на кои се регистирани птици инфицирани со вирусот Х5Н8.
Покрај кај домашните птици, птичјиот грип во Бугарија е регистриран и кај четири диви патки.
Поради појавата на птичји грип во Бугарија во сила е забрана за трговија со живина и за лов на диви птици. За уништување на птиците на фармите каде е утврдена болеста, Бугарија досега потроши речиси 540.000 евра.
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград