Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес

Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани.
Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша.
Американски медиуми јавија за голем број на куќи во пламен.
Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток. Во комбинација со ниската влажност и сува вегетација поради недостаток на дожд, условите се исклучително опасни, објавија властите.
Гувернерот Гевин Њусом рече дека државата почнала да ги преместува ресурсите за гаснење пожари од северна кон јужна Калифорнија уште во саботата поради временските предупредувања. Многу од тој персонал, противпожарни возила и авиони останаа на позиции на друго место во Јужна Калифорнија поради опасноста од пожар за поширокиот регион, додаде тој.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
