-->
-->
Поради снег забрана за тешки товарни возила на Стража
-->
На планинскиот превој Стража поради врнежи од снег од 19:10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.Претходно АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
