Поради снегот и минусните температури во Албанија „онлајн“ настава во сите училишта
Поради обилните снежни врнежи кои ја зафатија целата територија земјата и минусните температури, од утре во Албанија се затвораат сите училишта и насатавата ќе се изведува „онлајн“, информираше министерката за образование, спорт и млади, Евис Куши на Фејсбук.
– Според Управата за хидрометереолошки работи, во нашата земја се очекува значителен пад на температурите и обилни врнежи од снег. Поради оваа причина, Министерството за образование, спорт и млади одлучи сите наши институции од основото и средното образование да преминат во третото сценарио за учење, а тоа е учење од далечина и тоа од 15 до 19 февруари 2021 година, напиша министерката.
Куши подвлекува дека Генералниот директорат за предуниверзитетско образование, како и сите канцеларии за образование и регионални дирекции во земјата, интензивно работат на преземање на сите потребни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на овој процес.
Претходно, поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 и се поголемиот број заразени млади од 15 до 24- одишна возраст, во десет општини, кои се сметаат за најпогодени, наставата во средните училишта од четвртокот се одвива „онлајн“.
Во учебната 2020/2021 година во 1.754 основни и средни училишта во земјата настава следат над 430.000 ученици.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија