Македонија
6. March 2025 - 10:40

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка - Куманово, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

-На 06 март 2025 година од 10:10 часот на патниот правец Крива Паланка - Куманово, на излез од Крива Паланка, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија.