-->
-->
Поради студот дефекти во водоводната мрежа и зголемена потрошувачка на вода во Прилеп
-->

Поради студот и ниските температури деновиве има дефекти во водоводната мрежа и во потисните цевководи во Прилеп, а потрошувачката на вода е енормно зголемена, информира директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Сашо Николоски.
Во божикниот викенд се острануваше дефект во водоснабдувањето во селото Селце, има замрзнато куќни водомери, а во моментов нарушено е водоснабдувањето за две населени места.
-Во текот на божикните празници „Водовод и канализација“ имаше многу интервенции. Студот и ниските температури предизвикаа дефекти во водоводната мрежа, така и на водомерите на корисниците. Имавме преку 80 интервенции на замрзнати водомери. имавме интервенции и на потисни цевководи поради замрзнување. Во саботата, токму на Божик, жителите на прилепското село Селце осанаа без вода поради замрзнување на цевководот. Дефекот е отстранет и е нормализирано водоснабдувањето.
Во овој момент поголеми проблеми има во населените места Канатларци, горните делови и во селото Чепигово каде што има прекин на водоснабдувањето поради дефекти од замрзнување. Настојуваме да го решиме проблемот, специфично е зашто тешко се лоцира замрзнувањето на водоводните линии, вели Николоски.
Поради студот и фактот што се пуштаат чешмите во домовите да не замврзнат енормно е зголемена потрошувачката на вода. Николоски апелира до прилепчани да не се пуштаат чешмите, зашто може да се наруши водоснабдувањето.
- Ако пред три-четири дена, Прилеп се снабдуваше со 240 литри вода во секунда, во овој момент порошувачката е над 440 литри вода во секунда, што и нас не изненади. Брзо интервениравме со дополнителни количества вода. За овие дополнителни количества вода во пресрет ни излезе ЈП „Студенчица“. Доколку ваквата временска состојба се задржи, апелираме до граѓаните повеќе да ги загреваат купатилата за да нема зголемена потрошувачка на вода и да се пуштаат да течат чешмите. Во спротивно тоа може да направи проблем во водоснабдувањето. Се надеваме да се остварат предвидувањата на метеоролозите дека студот ќе попушти за два-три дена, објаснува Николоски.
ЈП „Водовод и канализација“ е надлежно за водоснабдувањето на Прилеп и во 23 населени места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
