-->
-->
„Порака Наша“ одбележува десет години постоење
-->

Со изведба на претставата „Ленче Кумановче“ во Кумановскиот театар, Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака Наша“ денеска одбележува десет години постоење.
Претставата ја подготвија корисниците на услугите на „Порака Наша“ заедно со ученците од „Перо Наков“.
Стручниот тим на „Порака Наша“ по повод јубилејот ќе им додели и признанија на централните и локалните власти, на донаторите од бизнис-заедницата и на други соработници.
- Сакаме да покажаме колку сме напреднале во последниве десет години колку што функционира Дневниот центар во однос на работата на корисниците, развивањето на нивните можности и способности, изјави дефектологот во „Порака Наша“ Фросина Симоновска.
Посочувајќи дека се реализираат бројни активности преку кои корисниците стекнуваат одредени вештини за поголема вклученост во заедницата, секретарот во Здружението и родител Емилија Цветковска изјави дека функционирањето на „Порака Наша“ е драгоцено за корисниците и нивните семејства и во моментов е на завидно ниво. Но, потребно е, рече, отворање дополнителни дневни центри иако во градот функционираат два за лица со интелектуална попреченост.
Според одредени проценки, додаде Цветковска, на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане има околу 900 лица со пречки во развојот. Моментно во Дневниот центар пет дена во недела престојуваат 21 корисник над 18 години со умерена и тешка интелектуална попреченост за кои се грижи стручен тим: дефектолог, социјален работник, психолог и професор по предучилишно воспитание.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
