Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања
Дејвид Керик, еден од најголемите сексуални предатори во поновата британска историја, кој дваесет години работел во лондонската полиција, денеска е осуден на доживотен затвор за десетици силувања и сексуална злоупотреба на дванаесет жени.
- Ги искористивте жените на ужасен начин, рече судијката Боби Чима-Граб додека ја читаше пресудата со која заврши случајот што ја влоши кризата на доверба во Скотланд Јард, која ги оглуши на предупредувањата за нивниот вработен. - Се однесуваше како да си недопирлив“ затоа што си припадник на полицијата, додаде таа.
Во делот за обвинетите, Дејвид Керик (48) со затворени очи и наведната глава го слушаше изрекувањето на пресудата.
Нему му беше судено за најмалку 85 злосторства, вклучително и 48 силувања, кои се случиле помеѓу 2003 и 2020 година. Во тој период, тој беше унапреден во елитната полициска единица во главниот град задолжена за заштита на парламентот и дипломатските претставништва.
„Злосторствата на Дејвид Керик се дамка за нашите полициски сили“, реагираше преку соопштение министерката за внатрешни работи Суела Браверман, оддавајќи им почит на „храбрите“ жртви на Керик. „Во нашата полиција нема место за такво предаторско и грозоморно однесување“, истакна таа.
Полицијата девет пати пропуштила можност да го уапси овој сериски силувач кој 17 години работел во полиција. Тој на крајот беше уапсен во октомври 2021 година за првиот случај на силување, што ги поттикна и другите жени да го пријават.
Ново на Сител
-
Од Охридското Езеро извадена бомба од Втората светска војна
-
Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“
-
Претставници на синдикатите за здравство на средба со министерот Меџити
-
Кина планира случајни проверки за Ковид-19 во здравствените установи
-
Туфегџиќ: Во тек е животно загрозувачка операција врз Бојан Јовановски
-
Македонците консумираат најмалку месо во Европа
-
Најмалку 12 лица загинаа во пожар на траект на Филипините , седум се водат за исчезнати
-
Курти: Потребна ни и е брза и коректна примена на договорот со Србија