Свет
28. јуни 2017 - 10:13

Поранешен шеф на изборен штаб на Трамп лобист за проруска украинска политичка партија

Пол Манафорт, поранешен шеф на изборниот штаб на претседателот на САД Доналд Трамп, се регистрирал во Министерството за правда како лобист на поранешната проруска владејачка партија во Украина – Партијата на регионите.

Во документи објавени од Вашингтон пост се наведува дека тој обучувал членови на украинската партија како да дејствуваат заедно со американските власти.

Пол Манафорт добил над 17 милиони долари од партијата за консултантски услуги во периодот 2012 – 2014 година. Манафорт е вториот член на предизборниот штаб на Трамп што се регистрирал како лобист.