Поранешна порно актерка формирала сопствена црква

Поранешната порно актерка, 33-годишната Кристал Басет, денес живее во Лос Анџелес и работи како пасторка во црква која самата ја формирала.
- Дефинитивно ова е енромна промена. Одам од една крајност во друга. Морав да побегнам од животот што го живеев, изјави Басет за „Баркофт Медија“.
Кристал досега настапила во над сто порно филмови и во последните десет години заработувала над 300.000 долари годишно.
Таа тврди дека решила да стане порно глимица за да може да го издржува нејзиниот син, кој го родила кога имала 16 години.
- Откако ја снимив првата порно сцена, отидов под туш и плачев два часа, изјави Басет, која во текот на својата кариера често се оддавала на алкохол и на таблети против болки, со цел, како што тврди, да може да глуми во порно филмовите.
Од својата актерска кариера купила куќа на Малибу и седум автомобили, меѓу кои и едно „Ферари“.
- Снимањето порно фимови ми стана рутина. Како работа во канцеларија од 9 до 17. Ќе го однесев синот на училиште и потоа одев на снимање, раскажува Басет.
Пресуден настан во нејзиниот живот била сообраќајната несреќа што ја имала во мај 2014 година, по која почнала редовно да оди во црква каде го запознала и нејзиниот иден сопруг, кој бил локален свештник.
Тие се венчале вд декември 2014, а веќе следната година добиле и син.
Набрзо по раѓањето на вториот син, Кристал и нејзниот сопруг формираче сопствена црква наречена „Нови почетоци“ и денес се нејизни пастори.
- Повеќе не се грижам за парите. Сега само сакам да им помагам на дргите. Не се каам за ништо, вели Басет.
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
