Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор

Поранешниот претседател на грчката радикално десничарска партија Златна зора, Никос Михалољакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, се очекува да биде пуштен од затвор, објавија грчките медиуми.
Повикувајќи се на судски извори, медиумите објавија дека Судот во градот Ламиа донел одлука Михалољакос да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната, иако обвинителот имал спротивно мислење и предложил да остане во затвор.
Според истите информации, Михалољакос ќе биде ослободен, но под неколку услови поставени од судскиот совет, односно ќе има забрана да ја напушти областа Атика, поширокиот регион на Атина, еднаш месечно ќе треба да се пријавува во полициска станица и нема да смее да биде во контакт со лицата вмешани во истиот случај.
Сепак, медиумите пишуваат дека обвинителот има право да достави жалба против одлуката на советот.
Златна зора во октомври 2020 година, со судска одлука беше прогласена за криминална организација, а лидерот, поранешните пратеници, како и членови на партијата беа осудени на затворски казни, во судскиот процес што траеше пет години и беше еден од најголемите и историски процеси во Грција.
Лидерот Михалољакос и пет поранешни пратеници добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација.
Во јуни 2022 година, седум години по почетокот и 20 месеци по завршувањето на процесот, судењето започна одново по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен и е во тек.
Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
