-->
-->
Поранешниот претседател на Салвадор осуден на две години затвор поради поткуп
-->
Поранешниот претседател на Салвадор, Антонио Сака е осуден на две години затвор поради давање поткуп, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во земјата.
Педесет и четири годишниот Сака е прогласен за виновен бидејќи се обидувал да поткупи службеник во судот со 10.000 долари, со цел да добие информација за дело кое се води против него.
Сака, кој беше шеф на државата од 2004 до 2009 година, признал дека ги извршил престапките за кои е обвинет.
Поранешниот претседател на Салвадор веќе издржува 10-годишна пресуда за перење пари и злоупотреба на речиси 300 милиони долари од јавни фондови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата