Поранешниот тренер на Ѓоковиќ: Новак сака да стигне до 30 Грен слем титули
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Богдан Обрадовиќ, е убеден дека тенисерот има намера да игра уште пет години професионално и на високо ниво со цел да освои 30 Грен слем трофеи.
– Разговарав со Новак кога имаше девет години, тогаш првпат се запознавме. Потоа, кога имаше 13 години, почнавме да соработуваме постојано и работевме заедно долги 18 години. Секој пат ми кажуваше, ја знам неговата идеја: сака да стигне до 30. Тоа го сака Новак. Така што, тој ќе игра во следните пет години. Во следните пет години веројатно ќе има 20 шанси да стигне до целта. Ајде да видиме, изјави Обрадовиќ.
Пред два дена Ѓоковиќ победи на Вимблдон и го освои 21-от Грен слем трофеј. Повеќе од него има само Рафаел Надал. Шпанецот 22 пати стигнал до титулата на еден од четирите најголеми тениски турнири кои се играат секоја година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза