-->
-->
Пораз на ракометарките на Македонија од Шведска
-->

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство 2018 во Франција. На гостувањето во Лунд, нашата селекција загуби од Шведска со 38:26. На полувреме противникот водеше 18:13. Македонија водство од 2:0 имаше само на почетокот на дуелот, а потоа фаворитот во групата за првото место ја потврди својата улога.
Елена Ѓеорѓиевска со 9 голови беше најефикасна, Сара Ристовска постигна 6, Душица Ѓеорѓиевска постигна 3, Гакидова, Керамитчиева и Саздовска по 2, а Ливриниќ и Десподовска по 1. Кај Шведска Натали Хагман (8) и Луис Сенд (6) постигнаа заедно 14. голови.
На вториот дуел од групата 3 Србија ја победи селекцијата на Фарски острови со 36:20.
Во недела се игра второто коло, а Македонија е домаќин на Србија. Дуелот почнува во 19 часот и се игра во СРЦ Кале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
