-->
-->
Порази на Ивановски и Стоилковска
-->

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во француски Ројан.
Македонскиот тенисер попладнево во дуелот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3) по два часа и 25 минути игра.
Ивановски за настапот во второто коло на Челинџерот во Ројан ќе освои четири поени, а следната недела го очекува на настап на ИТФ турнирот во Загреб.
Елиминација доживеа и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која во првото коло на фјучерсот во Куршимлијска Бања, загуби од четвртата носителка Лидија Енчева од Бугарија со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
