Поројни дождови предизвикаа поплави во цело Косово

Поројни дождови предизвикаа поплави во речиси сите општини во Косово, а најтешка е ситуацијата во општините Малишево, Сува река, Глоговац и Ѓаковица, пренесе БТА.
Човечки жртви нема, но штетите од поплавите се големи.
Претседателката Атифете Јахјага разговараше синоќа по телефон со градоначалниците на загрозените општини и се интересираше за мерките, преземени за спречување потешки последици.
Премиерот Иса Мустафа одблизу ја следи ситуацијата и побарал од компетентните служби да се координираат со општинските власти, за да бидат преземени сите мерки и да се ангажираат сите капацитети за надминување на ситуацијата и укажување помош на граѓаните.
Стотици лица беа евакуирани од своите домови вчера и во Албанија, каде силни дождови предизвикаа поплави, свлечишта и затворање на патиштата. Нема информации за загинати или сериозно повредени.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
