Поројните дождови во Калифорнија се намалија, во досегашните поплави загинаа најмалку 20 лица
Во последователните поројни дождови од 26 декември до сега загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици илјади се раселени, изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Обилните дождови што ја зафатија Калифорнија во последните три недели конечно стивнаа, дозволувајќи им на евакуираните да се вратат во своите домови, а државата да се фокусира на поправка на оштетените патишта и далноводи.
„Последниот дожд полека се намалува. Треба целосно да престане по полноќ“, изјави метеорологот Дејвид Рот од Националната метеоролошка служба.
Иако катастрофални, дождовите помогнаа да се ублажат последиците од историските суши со тоа што донесоа половина од просечните годишни врнежи, пренесува Хина.
Властите сè уште ги повикуваат граѓаните да ја зачуваат водата, имајќи предвид дека нарушувањето познато како бури не стигнало до сливот на реката Колорадо, главниот извор на вода во Калифорнија.
Ново невреме може да донесе умерен дожд во вторник и среда, а остатокот од јануари би требало да биде сув, велат синоптичарите.
Сепак, предупредуваат на можни одрони во кањоните и на ридовите бидејќи земјата е многу влажна по три недели дожд и снег, а некои реки може да се излеат.
Вонредната состојба останува на сила во голем број окрузи во Калифорнија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам