-->
-->
Порошенко поради компликации поврзани со Ковид-19 примен во болница
-->
Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко.
Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува силна волја, што ја покажа во борбата против оваа болест, рече Марина Порошенко.
Поранешната прва дама на Украина известува дека Порошенко се однесува во согласност со протоколот на болницата. Освен Порошенко, една од нивните ќерки, исто така има коронавирус.
Порошенко и соопшти на јавноста дека се зарази со коронавирус на 29 септември, а од тогаш беше во домашна изолација
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
