-->
-->
Портланд одржа церемонија во чест на Лилард, кој стана најдобар стрелец на клубот
-->
Портланд ноќеска во рамките на домашната средба со Шарлот, одржа церемонија во чест на Демијан Лилард, кој неодамна стана лидер на клубот по постигнати поени.
Портланд го победи Шарлот со 124:113, Лилард мечот го заврши со 17 поени за 38 минути поминати на теренот и стигна до 18.098 поени во кариерата.
Лилард минатата недела се искачи на врвот на вечната листа на поентери кај Блејзерс, надминувајќи ја клупската легенда Клајд Дрекслер, кој застана на 18.040 поени.
Лилард беше избран на 6. место на драфтот во 2012 година и играше за Портланд во текот на неговата кариера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
