Портпаролот на грчката Влада поднесе оставка
Поради семејни причини, портпаролот на грчката Влада и заменик-министерот Христос Тарандилис, вчера поднесе оставка од функцијата, но и понатаму останува пратеник од владејачката Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.
Тарандилис во писмото со оставката до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека „произлегле семејни причини, кои не му дозволуваат да продолжи да ја извршува должноста“, но и истакнува дека како пратеник ќе продолжи да биде „во првата линија во обидите за големите реформи што ќе ја променат земјата“.
За оставката на Тарандилис, реагираа од опозициската СИРИЗА, коментирајќи дека наместо да си замине министерката за култура Лина Мендони поради скандалот со педофилија со поранешниот директор на Националниот театар, оставка поднесе владиниот портпарол и додаваат дека „Тарандилис започна и време е да го следи и Мендони“.
Преку социјалните мрежи, Тарандилис ѝ одговори на СИРИЗА дека „произволно е толкувано неговото соопштение“ и објасни дека оставката не се должи на политички причини.
Функцијата владин портпарол ќе ја извршува алтернативната портпаролка Аристотелиа Пелони.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости