Португалија се простува од поранешниот претседател Соареш
Илјадници Португалци, со жалост, денеска се збогуваат од поранешниот претседател социјалист Марио Соареш, кого го сметаат за татко на португалската демократија, пренесуваат португалските медиуми.
Се очекува погребната поворка со посмртните останки на Соареш да мине низ главните улици на престолнината Лисабон од неговиот семеен дом до познатиот манастир на јеронимитите, во кој на 12 јуни 1985 година тогашниот премиер Анибал Кавако Силва го потпиша договорот за членство на Португалија во Европската економска заедница - претходникот на Европската унија.
Телото на поранешниот шеф на државата, кој почина во саботата, на 92-годишна возраст, ќе биде изложено до полноќ во црквата на манастирот, за Португалците да му оддадат последна почит на човекот што ја одбележа политичката историја на земјата.
Соареш ќе биде погребан утре попладне на гробиштата Празериш, во западниот дел на Лисабон, каде почива неговата сопруга-актерката и филантроп Марија Барозо, која почина во јули 2015 г.одина.
Социјалистичката Влада на премиерот Антонио Кошта денеска прогласи тридневна жалост и сонародниците ги повика да искажат почит кон „овој великан на современата португалска историја“.
Марио Соареш ќе остане запаметен во историјата како водач на опозицијата за време на диктатурата на Антонио ди Оливеира Салазар и како клучна фигура во преодот кон демократија, изјави политологот Антонио Кошта Пинто.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено