Македонија
23. September 2024 - 12:34

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Во официјална посета на Република Северна Македонија денеска ќе биде претседателката на Парламентот на Р. Албанија, Елиса Спиропали.

Од тие причини, информираат од МВР, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.