Посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија.
Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.
-Протестот e предвидено да почне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул .„Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул. „Илинден“ до пред Владата, се вели во соопштението од МВР.
Министерството апелира, граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на протестот.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
