Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавени првомајски протести
СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.
Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ се до Владата на булевар „Илинден“.
Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.
- МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството.
Ново на Сител
-
Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
-
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
-
Предлог за поведување на стечајна постапка против ЗК Пелагонија АД Битола
-
20 претставки за загадениот воздух поднесени до Народниот правобранител
-
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
-
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините
-
„Палчо дојде со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата, му реков, си го удрил? Не одговори“, сведочи Османи
-
Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони