Поскапуваат горивата, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12% во однос на одлуката од 27.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,790%, кај дизелот за 3,634% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,668% и кај мазутот зголемувањето е за 3,143%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422%
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,204 ден/кг и сега ќе изнесува 43,542 ден/кг.
Од 1.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 85,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,542 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.8.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението од РКЕ.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
