-->
-->
Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди
-->
Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД.
Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и одличијата за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач… – Почестен сум од вашата љубов тука вечерва, изјави тој прифаќајќи ја главната награда.
Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач, и поп-албум.
Свеченоста се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Водителка беше рок-ѕвездата Кели Кларксон.
Момент за издвоујвање е и емотивниот настап на Џон Леџенд со песната „Never Break” којашто тој ја посвети на својата сопруга Криси Тајген, која неодамно доживеа спонтан абортус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата