Потпишан договор за обнова на три училишта во Кавадарци
Едно основно и две средни училишта во општина Кавадарци ќе бидат реконструирани преку проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за финансии, со средства обезбедени од Светска банка.
За реконструкцијата ќе бидат одвоени 41 милион денари, а со неа ќе бидат опфатени ОУ „Тоде Хаџи Тефов“, Средното електромашинско училиште и Гимназијата. Во сите три училишта ќе биде сменет покривот и прозорците, а во гимназијата ќе се изврши доградба и ќе се прошири капацитетот за уште осум училници. Со ова ќе се подобрат условите за воспитнообразовниот процес за околу 2.000 деца или 40 проценти од вкупниот број на ученици во општината.
Договорот беше потпишан денеска меѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
- Се работи за проект кој е добар од сите аспекти и со којшто придонесуваме во подобрување на квалитетот на образованието во Кавадарци. Заедно со општината продолжуваме со реализација и на други проекти, како што и досега помагавме во реконструкцијата на патиштата, изградбата на училиште и во изградбата на цевководот, изјави вицепремиерот Ставрески по потпишувањето на договорот.
Според него, Општина Кавадарци се движи во добра насока и се создаваат подобри услови за живот на граѓаните.
Градоначалникот Панов нагласи дека со реновирањето на овие три училишта се заокружува процесот на реконструкција на сите 10 училишта во општината.
Со проектот за подобрување на општински услуги досега им е помогнато на 42 општини за што се одвоени 39,4 милиони евра.
Ново на Сител
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни