Потпишан договор за соработка меѓу Битолскиот и Универзитетот во Сараево
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Сараево потпишаа Договор за меѓууниверзитетска соработка.
На свеченост што се одржа во Сараево, ректорите, проф. д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Рифат Шкријељ, истакнаа дека со документот се овозможува промовирање на академската, образовната и културната соработка помеѓу двете високообразовни установи.
Од УКЛО-Битола информираат дека во рамки на потпишаниот договор планирано е да се развива и институционална соработка низ различни форми, размена на наставнички, истражувачки и други кадри, соработка на студентите, посети, размена на искуства, предавања, заеднички вмрежувања, аплицирања и учества во европски и други образовни и научно-истражувачки фондови.
Во наредниот период ќе се изработи конкретна програма за организирање заеднички обуки, истражувања, конференции, симпозиуми, летни школи, семинари, работилници, како и размена на стручна литература, учебници и други универзитетески публикации.
Потпишаниот Договор за соработка меѓу Битолскиот и Универзитетот во Сараево е континуитет на претходно вопоспоставената соработка меѓу две членки, односно Факултетот за безбедност при УКЛО-Битола и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при УНИ СА.
Ново на Сител
-
Перински: Јавниот повик за општините веднаш по ребалансот на Буџетот, на располагање ќе ги имаат првите 100 милиони евра
-
Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје
-
Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро
-
Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово | ФОТО
-
Три жени повредени во сообраќајка кај „Мавровка" | ФОТО
-
Хрватска повлекува морска сол од пазарот поради присуството на пластика
-
УХМР со предупредуваање: Следува период на многу топло време
-
Автобус на ЈCП се качи на заштитна ограда пред Мавровка | ФОТО