Потпишан Договор за унапредување на здравјето и намалување на смртноста на мајките и новороденчињата
Заедничко имплементирање на мерките за унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата и придонес за намалување на нивната смртност, треба да овозможи Договорот кој денеска во Владата го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче и директорката за население на ОН (УНФПА) за Македонија Доина Болога.
Со Договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата, додека другата половина УНФПА.
Министерот Филипче по потпишувањето рече дека овој договор предвидува до крајот на годината да се реализираат повеќе активности: спроведување обуки во двете родилишта кои покриваат најголем процент од породувањата во државата, примена на практики согласно последните стандарди на СЗО за грижа на мајките и на новороденчињата, обука од искусни консултанти на СЗО во текот на примената на практиките за унапредување на здравјето на мајките и бебињата, финализирање и имплементација на стандардите за гинекологија и акушерство во одредени болници...
Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за Македонија за периодот 2016-2020, како и со едно од приоритетните национални прашања.
Ново на Сител
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ