Потпишан протокол за продолжување на научно-истражувачката соработка со САД

Министерството за образование и наука денеска потпиша Протокол за продолжување на научно-истражувачката соработка со САД.
Со Протоколот се предвидува претставници од академската, научната и научно-истражувачката фела од двете држави да продолжат да реализираат заеднички проекти, да имаат истражувачки посети и заеднички да користат сопсвремена научна опрема и технологија. Документот предвидува да продолжи и соработката на ниво на институции, агенции и универзитети.
Протоколот го потпишаа министерот за образование и наука Арбер Адеми и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс.

Министерот Адеми вети лична и институционална заложба за што поголема ефективност и ефикасност на соработката во следниот период.
– Ова е голема чест за нашата земја затоа што ја добиваме довербата од една од највлијателните и најразвиените светски земји од сите аспекти. Земја која е извор на иновации и пронајдоци на сите полиња и која може многу да ни помогне да ги оствариме стратешките национални приоритети поврзани со визијата за подобро утре на нашите граѓани, односно визијата за создавање на општество на знаење и иновации, рече Адеми.

Според американската амбасадорка, двете држави демонстрираат извонредна научна соработка веќе две децении за што потврда се инвестираните околу 60 милиони долари од страна на САД за подобрување на пристапот и квалитетот на основното образование, како и програмата за научно-истражувачка размена во чии рамки од 2009 година се обезбедуваат средства за размена на студенти.
– Ова се само неколку примери на програми што ги овозможува Американската амбасада и САД во областа на науката во Македонија, а со потпишувањето на денешниот протокол се надевам дека ќе продолжиме и во иднина со соработка, рече амбасадорката Брнс.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
