Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

Во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, вчера беше потпишан Трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица.
Како што соопшти УЈП, Договорот е потпишан помеѓу Министерството за финансии – Управата за јавни приходи, како краен корисник и управувач со системот за наплата на даноци и придонеси, Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, Друштвото за истражување и развој во техничките и технолошките науки УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач на техничкото и софтверското решение.
-Овој договор претставува пример за функционално и одговорно партнерство помеѓу јавниот сектор, граѓанското општество и приватниот технолошки сектор, со заедничка цел создавање модерен, ефикасен и правично уреден систем на работно ангажирање, се наведува во соопштението.
Како што велат од УЈП, стратешката улога на институциите е од суштинско значење за реализацијата на овој договор.
-Министерството за финансии, преку Управата за јавни приходи, ја има клучната улога во воспоставување стабилен и сигурен систем за пресметка и наплата на даноци и придонеси, со што се обезбедува фискална дисциплина, еднаков третман на сите учесници на пазарот на труд и заштита на јавниот интерес. Министерството за труд и социјална политика, како носител на политиките за труд и социјална заштита и институција надлежна за креирање на Законот за работно ангажирање на лица, преку имплементацијата на овој систем обезбедува суштинска заштита на работниците, формализација на работните односи и јакнење на социјалната сигурност, особено за сезонските, повремените и привремено ангажираните лица, се наведува во соопштението.
Вклучувањето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија обезбедува евиденција на пријава и одјава на работно ангажирани лица, со што се воспоставува целосен, интегриран и интероперабилен институционален механизам.
-Со потпишувањето на договорот директно се реализира обврската утврдена во член 26 став (3) од Законот за работно ангажирање на лица, со кој е предвидено дека системот за евиденција на работно ангажирани лица и надградбата на системот за наплата на даноци и придонеси мора да се воспостават најдоцна до 1 јануари 2026 година. Со ова, институциите демонстрираат високо ниво на координација, навременост и одговорност во спроведувањето на законските решенија, велат од УЈП.
Во соопштението особено се нагласува и значењето на другите две договорни страни: Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот, обезбедува стратешка, аналитичка и координативна поддршка, гарантирајќи дека техничките решенија се усогласени со јавните политики, законските цели и европските стандарди, со донаторска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ GmbH). УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач, обезбедува високо-квалитетно техничко решение, развој на безбедни и интероперабилни веб-сервиси, интеграција на институционалните системи и пренос на знаење, со што се зајакнуваат долгорочните капацитети на државните институции.
-Со овој договор, државата испраќа јасна и недвосмислена порака дека реформите во областа на трудот и јавните финансии не се декларативни, туку реални, применливи и технолошки поддржани. Формалната економија, заштитата на работниците, фер конкуренцијата и дигиталната трансформација се заедничка одговорност и заеднички интерес. Овој чекор претставува темел за одржлив, транспарентен и европски ориентиран систем на работно ангажирање, во кој правата и обврските се јасни, а институциите дејствуваат координирано и во служба на граѓаните, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти
-

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
-

Американски медиуми: Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк
-

Алиу и Тошковски ќе информираат за опасностите од употреба на пиротехника
-

Седум продолжени викенди за сите граѓани во 2026 година
-

Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела
-

Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
