Потпишани договори за изградба на два патни правци во Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски и претставник на „Цвет компани“ ДООЕЛ од Скопје денеска ги потпиша договорите за изградба на два значајни патни правци во општината со вредност од над 15 милиони денари.
- Денес се потпишани договорите за градба на две многу значајни делници во општината. Првата делница т.н. „Руски пат“ кој води до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во должина од безмалку два километри и втората е еден километар пат во најнаселенито дел од село Жидилово. Двата патни правци се со вредност од околу 17,6 милиони денари и ќе се финансираат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстовото и руралниот развој, за што упатувам голема благодарност до Владата на РМ која наиде на разбирање за приоритетноста на проектите, изјави Алексовски.
Нагласи дека со изградбата на патот од село Варовиште до манастирот ќе се овозможи уште еден пристап до духовното светилиште со кое Крива Паланка е препознатлива.
- Со овој пат ќе се оформат два пристапи до манастирот, а неопходно е да се гради нов поради појавата на големи свлечишта и одрони на постојниот асфалтен пат. Ова е ново решение, а ние како жители на гардот кој е надалеку познат по манастирот имаме обврска, но и должност и чест да ги унапредуваме условите за посета на манастирот. Што се однесува до патот во Жидилово, истиот е долгогодишно барање на жителите од овој дел, а беше и мое предизборно ветување кое еве, го исполнувам за добробит на граѓаните, додаде Алексовски.
Градежните работи се очекува да отпочнат со подобрување на временските услови, а Алексовски потенцира дека двата проекти би требало да бидат реализирани до крајот на 2016.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
