Потпишани нови меморандуми за соработка меѓу македонската и корејската царина
Македонската и корејската царина потпишаа нови меморандуми за соработка во седиштето на Царинската служба на Република Кореја во Сеул. Во рамките на овие меморандуми на Царинската управа на Република Северна Македонија, како лидер во регионот, и се овозможува пристап до нов фонд до 10 милиони долари за развојни проекти, соопштуваат од Царинска управа.
Како што известуваат, меморандумите ги потпиша директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, кој е во дводневна посета на Царинската служба на Република Кореја, што се реализира во рамки на неодамнешниот потпишан Меморандум за соработка со што на македонската Царина и беа доделени 4,8 милиони долари грант за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.
- Користењето на вештачка интелигенција за селекција на сомнителни декларации од базата на податоци е во насока на прибирање повеќе приходи во Буџетот како и сузбивање на криминалот и корупцијата. Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во коишто постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката, истакна Богоев.
Како што известуваат од Царинската управа, во рамки на посетата, од страна на експертите од корејска Царина бил презентиран како функционира во пракса тамошниот систем за анализа на ризик преку користење вештачка интелигенција и управување со големи сетови на податоци. Воедно, бил презентиран и информатичкиот систем за обработка на царинските декларации, како и софтверските решенија за обработка на увозот и извозот на мали пратки во е-трговијата.
- Размената на искуства во делот на е-трговијата е значајна во креирањето политики се со цел унапредување на царинскиот третман во овој дел, како и поголема заштита на финансиските интереси, но и зајакнување на безбедноста на малите пратки, потенцираше Богоев.
Ново на Сител
-
Арсеналот оружје во Арачиново припаѓал на 29 годишник од Никуштак
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив