Потресна порака: Трагедија во Скопје "Ни почина Тамара"
Пред неколку денови во страшна трагедија загина 19-годишна девојка. Се работи за Тамара која беше прегазена од мотор. На социјалната мрежа Фејсбук нејзините пријатели скршени од болка се простуваат од неа со потресна порака:
- Вчера, ни почина Тамара. Нејзиниот грев? Да се најде на погрешно место во погрешно време. Нејзиниот живот скратен од незауздана прослава. Нејзиниот гениј, кој како една од најуспешните студентки на дефектологија ќе го искористеше за грижа за деца со пречки во развојот, прекинат бидејќи некој одлучил да ја стави неговата еуфорија пред општата безбедност. Скопје, Македонија и светот е посиромашен денес поради тоа. Го пишуваме ова не бидејќи ќе ја намали болката од нејзината загуба, го пишуваме ова бидејќи Тамара тоа би го сакала. Мислете на вашите блиски кога ќе се решите да седнете позади воланот пијани или кога ќе згрешите да помислите дека не можете да згрешите дури ни со огромна брзина. Ако единствената причина за вашето постоење на овој свет е намерно или ненамерно да предизвикате трагедија тогаш зошто се мачите да постоите?, стои во потресната посвета за студентката чиј живот згасна.
Нека почива во мир.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација