Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
Федерален суд во САД ја потврди пресудата од пет милиони долари кои Џин Керол треба да ги добие според тужбата против Доналд Трамп, откако поротата го прогласи претседателот за виновен за сексуално злоставување и клевета на поранешната колумнистка на списанието „Ел“.
Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.
Пресудата од мај 2023 година произлегува од инцидент од 1996 година во продавницата „Бергдорф Гудман“ во Менхетен. Керол изјави дека Трамп ја силувал, а тој во октомври 2022 година на мрежата „The Social Truth“ нејзиното тврдење го нарече измама.
Поротата не утврди дека се случило силување, но додели 2,02 милиони долари за сексуален напад и 2,98 милиони долари за клевета. Друга порота, во јануари 2024 година, пресуди дека Трамп треба да ѝ плати на Керол 83,3 милиони долари за клевета поради изјавите од јуни 2019 година, кога првпат ја негираше нејзината приказна.
Трамп тврдеше дека не ја познава Керол, дека „не е негов тип“ и дека приказната е измислена за да ја промовира својата книга. Тој поднесе жалба за пресудата од 83,3 милиони долари.
Судските процеси продолжуваат и покрај тоа што Трамп повторно беше избран за претседател на изборите на 5 ноември.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата