Живот
20. December 2016 - 13:56

Поубава од Ѓулсерен: Озкан од „Парампарче“ има сопруга убавица, но ја крие од јавноста!

Актерот Толга Текин кој ја игра улогата на Озкан од турската хит серија „Парампарче“, според сценариото игра негативец, но во реалноста тој е доста близок со своите колеги од серијата.

Кога станува збор за неговата приватност, Толга пред неколку години стапи во брак, но не преферира да ја покажува сопругата во јавност.

Таа е вистинска убавица, а неодамна на една прослава Толга и неговата сакана биле уловени од папараците, по што тој ја покрил со палтото врз глава.

Сепак, успеавме да најдеме дел од неговите приватни фотографии, меѓу кои и такви од свадбата.

Погледнете: