Поведена истрага по откриена „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш во Скопје
Јавното обвинителството поведе истрага против 44-годишен скопјанецот од скопската населба Лисиче, кај кој полицијата пронајде 154 стебла канабис и откри „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш. Обвинителството бара од судот да одреди мерка притвор за скопјанецот.
ЈО информира дека против лицето е поведена истрага поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Во текот на 2023 година, во куќата каде престојувал на улицата „Анатолиј Зографски“ во населба Лисиче, тој неовластено произведувал наркотична дрога. Така, при претресот извршен на 15 ноември, таму биле пронајдени 154 стебла од растението „канабис“ со поединечна висина која се движи од 65 cm до 130 cm, како и четири шприца со волумен од по 10 ml, од кои три исполнети со темнокафеава смолеста материја – хашиш смола, а еден исполнет со 2 ml смолеста материја – хашиш смола, известуваат од ЈО.
Оттаму, посочуваат дека осомничениот за продажба држел и 12 најлонски кеси со марихуана со вкупна нето маса од 41,6 грама.
- Во подрумските простории од куќата во која престојувал инсталирал опрема за одржување на температура, опрема за вентилација и наводнување, соодветни ламби за вештачка светлина, вештачки ѓубрива и набавил семки од растението канабис. Ги засадил во засебни саксии, ги сместил и одгледувал во веќе опремена просторија во куќата, а од нив произведувал марихуана и хашиш, известуваат од ЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
