Поведена истрага за Арачиновец кој поседувал пиштол без дозвола и ја повредил сопругата
Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново кој вчера пријавил во полиција дека во сопствениот дом испукал куршум кон неговата сопруга, нанесувајќи и тешка телесна повреда во главата, во пределот на увото.
– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според член 396 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Скопје.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице и привремено одземање на патната исправа.
Судијата, како што информираат, го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му ги определи бараните мерки на претпазливост во текот на кривичната постапка.
Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека осомничениот околу 13:40 часот во текот на вчерашниот ден сам се пријавил во полициска станица, каде бил приведен. Неговата сопруга била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница