Повеќе десетици Македонци се во двете нападнати бази во Ирак

Во базите Аин ал Асад и Ербил во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД, пренесува Телма.
Според информациите никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.
Неколку часа пред нападот поради прогласена тревога од највисок степен, вработените во базите биле префрлени во бункерите кои служат како скривници пред евентуални воздушни или ракетни напади.
Голем дел од вработените во двете бази се од Куманово. Дел од нив се подготвуваат за враќање дома или на одмор или поради прекин на работниот однос со фирмата КБР.
Во моментот нема тревога, а за транспорт кон Македонија се чека потполно смирување на состојбата бидејќи бомбардираната база Ербил служи како транзитен аеродром за припадниците на американската армија како и за вработените во воените бази.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
-

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
