Бизнис
16. May 2023 - 9:28

Повеќе договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 147 965 илјади денари, што е за 12.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44 338 илјади денари, што е за 39.5 % повеќе во споредба со истиот период лани.