Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Повеќе од 200 цивили, вклучувајќи жени и деца, беа убиени во етнички мотивирани напади од страна на паравоените Сили за брза поддршка -РСФ (RSF) во делови од регионот Дарфур во Судан, соопшти Мрежата на судански лекари, оценувајќи ги нападите како грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право.
Повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните кои пристигнале во кампови за раселени лица во Тина, во близина на границата меѓу Судан и Чад, оваа организација изјави дека цивилите биле цел и убиени на етничка основа во местата Амбро и Абу Камра во Северен Дарфур, како и во Сирба во Западен Дарфур, откако силите на РСФ ги нападнале двете области, пренесе Анадолија.
„Меѓу жртвите имало деца, жени и мажи кои биле намерна цел и убиени поради нивната етничка припадност“, се наведува во соопштението, во кое нападите се оценети како грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право и човековите права.
Убиствата се случиле во време на засилениte борби во Северен Дарфур.
Здружените сили на вооружените движења, кои се сојузници на суданската армија, објавија дека во четвртокот ги одбиле нападите на РСФ на неколку локации во тој дел од земјата.
Овие сили ги обвинија РСФ за ескалација на она што го нарекоа криминални напади врз невооружени цивили, особено во и околу Абу Камра, со цел насилно воспоставување контрола преку убиства, присилно раселување и заплашување на населението и раселените лица кои избегале од Ел-Фашер.
Според Здружените сили, од почетокот на офанзивата, борците на РСФ запалиле цели села, ограбиле добиток и имот на цивили и извршиле, како што е наведено, сериозни кршења на правата на локалното население.
Конфликтот меѓу суданската армија и РСФ, што избувна во април 2023 година, одзеде илјадници животи и расели милиони луѓе.
МИА
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
