Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно

Повеќе од 550 лица беа приведени на демонстрациите по повод Први мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми.
Во многу од останатите градови во земјата исто така беа одржани маршеви, кои поминаа без тензии.
Според податоците на турското Здружение на современи правници, има најмалку 550 приведени на денешните демонстрации во Истанбул.
Претходно, весникот „Бирѓун“ објави дека вкупно 57 членови на турската левичарска Партија за народно ослободување биле приведени од полицијата при обид да одржат маршеви во областа на плоштадот Таксим (Бешикташ) и во блискиот истанбулски кварт Меџидијекој. Хаберлер објави за други речиси 100 приведени во Меџидијекој и за употреба на солзавец и водени топови против демонстрантите таму. Медиумот истакна дека меѓу оние кои биле изложени на солзавец бил и претседателот на Турската работничка партија (ТИП), Еркан Баш.
Турските власти вчера воведоа 24-часовна забрана за секакви собири, прес-конференции и маршеви по повод Први мај во истанбулските квартови Бејоглу, Шишли, Фатих и Бешикташ, додека во областа на плоштадот Таксим беа воведени сериозни сообраќајни ограничувања. Полициското присуство во реонот денеска е засилено, а на многу места се поставени метални огради кои го ограничуваат движењето, забележува „Бирѓун“.
Според информации на Си-Ен-Ен Турк, при посебна демонстрација по повод 1 мај, група од 40 демонстранти денеска се обидела да го затвори сообраќајот од европската страна на „Мостот на мачениците од 15 јули“ над Босфор. Полицијата интервенирала навремено и ги привела демонстрантите, поради што во реонот привремено се создал сообраќаен метеж.
ТРТ Хабер истакна дека на денешните демонстрации турската полиција употребила вкупно 35.000 камери за да ја контролира ситуацијата. Според информации на медиумот, турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и гувернерот на Истанбул Давут Ѓул лично ја посетиле Главната управа на полицијата во Истанбул за да ги проверат преземените мерки на терен.
Истовремено, илјадници демонстранти учествуваа на митинг во истанбулскиот кварт Кадикој, во азискиот дел на градот, во кој се вклучи и лидерот на главната опозициска сила во Турција – Републиканската народна партија (ЦХП), јави сајтот „Хуриет дејли њуз“.
Демонстрации по повод Први мај беа одржани и во многу од останатите градови во земјата, но без тензии, јавија турските медиуми.
Според информации на „Бирѓун“, илјадници луѓе учествувале на марш во Анкара, носејќи плакати со натписи „Ќе ги испратиме нашите деца на универзитет, а не во затвор“ и „Ние сме новинари на народот, а не на палатата“ и пеејќи песни. Со два масовни марша, организирани од различни синдикални организации, 1 мај беше одбележан и во југозападниот град Измир.
Различни синдикати организираа маршеви и во градовите Едрене, Бурса и Чорум, пренесува „Хуриет дејли њуз“.
МИА
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
